Се уште е активен пожарот помеѓу селата Дреново и Долно Јаболчиште во Општина Чашка
Регионалниот центар за управување со кризи Велес информира дека се уште е активен пожарот на отворено на планина Голешница на врвот Лисец, на потегот помеѓу селата Дреново и Долно Јаболчиште во Општина Чашка.
-Шумскиот пожар започна на 13 јули, годинава, во 17:00 часот на отворено на планина Голешница на врвот Лисец, на потегот помеѓу селата Дреново и Долно Јаболчиште Општина Чашка. Инетервенираа 10 вработени од ЈП Национални шуми-подружна единица Бабуна Велес, вработени во ЕЛС Чашка и ЈКП Тополка, полициски службеници од ПС Чашка и дел од месното население од село Долно Јаболчиште. Зафатена е површина од околу 20 хектари ниско стеблеста деградирана шума и дел од дабова шума, пишува во соопштението на ЦУК.
Пожарот е се уште активен, истиот е приземен и насочен кон карпестиот дел на врвот Лисец и од ЦУК додаваат дека не пости опасност да зафати населени места. Во текот на денешниот ден повторно ќе се интервенира.
Дума.мк