Се вози под дејство на алкохол и на велешките улици

Објавено на 7 јуни, 2021 во 11:46
Сектор за внатрешни работи Велес

На подрачјето на Сектор за внатрешни работи Велес, на 6 јуни, од 18:00 до 24:00 часот, била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. За време на акцијата биле регистрирани 12 прекршоци од кои седум во Велес, четири во Кавадарци и еден во Неготино.

Сите возачи ќе бидат соодветно санкционирани, соопшти потпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Во полицискиот билтен евидентирани се и прекршоци за не носење на маска и не почитување на полицискиот час.

Казнети се 18 граѓани кои не ја почитувале Уредбата за носење на лична заштита во затворен простор. Од нив пет се велешани и 13 неготинци.  За непочитување на полицискиот час кој трае од полноќ до 04:00 часот, полициските службеници регистрирале два прекршоци во Кавадарци.  

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.