Се запали филтерската постројка на поранешна Топилница, Општината бара итен увид од Државниот еколошки инспекторат

Објавено на 19 мај, 2021 во 15:11

Се случил пожар, денеска,  во кругот на поранешна Топилница. Запалени биле остатоци од материјали на ѕидовите на филтерската постројка, од која при горењето се ослобил густ бел чад со изразена непријатна миризба. Пожарот го пријавил граѓанин околу 10:50 часот во Територијалната противпожарна единица Велес. Пожарникарски екипи излегле на терен  и за 40 минути го локализирале и изгласнале огнот.   

Опожарена е површина од 100 метри квадратни. Причината за пожарот е сечење на метал со пневматски ножици на стара неупотреблива постројка за филтрирање.

Пожарникарите за пожарот ја информирале Општина Велес. Како што информираат од  Општина Велес веќе е испратено барање до Државниот инспекторат за животна средина со коешто бараат инспекторатот да изврши надзор и утврдување каков материјал изгорел и какви загадувачки материи се ослободиле во воздухот.

Инаку инсталацијата е во сопственост на скопската фирма на „МЕТРУДХЕМ“.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.