Се запали сува трева на гробиштата на црква „Свети Спас“, пожарот во почетна фаза изгаснат од велешките пожарникари
Објавено на 8 јуни, 2025 во 13:59

Дојава за пожар во Територијалната против пожарна единица Велес имало претпладнево во 11:10 часот. Двајца пожарникари со едно против пожарно возило веднаш се упатиле кон посочената локација.
„Пожарот по пристигнување на лице место затекнат е во почетна фаза и брзо е изгаснат,“ соопштија од Територијалната против пожарна единица Велес.
Оттаму апелираат до граѓаните да бидат крајно внимателни со палењето на свеќи на вечните почивалишта на своите најблиски поради високите температури и брзото сушење на тревата.
Убавка Јаневска
