Се запалил автомобил во Велес, пожарот го изгаснале велешките пожарникари
Објавено на 4 мај, 2025 во 12:05

Во Сектор за внатрешни работи Велес, рано утринава, во 00:02 часот било пријавено дека на улицата „Вера Циривири“ во Велес, настанал пожар на патничко возило „Рено Меган“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.С.(48) од Велес.
-Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијална противпожарна единица Велес, а повредени лица нема. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес, соопшти портпаролката Биљана Ѓаковска.
Убавка Јаневска
