Се запалило електрично броило, велешките пожарникари со брза интервенција
Објавено: 2 октомври, 2025, во 10:28 часот
Територијалната противпожарна единица Велес, вчера, во 20:43 часот примила дојава за запалено електрично броило на железничка станица во скара „Чакар“.
Како што информираат од велешката пожарна на лице место со едно противпожарно возило пристигнале двајца пожарникари кои затекнало како гори електрично броило. Тие веднаш пристапиле кон гаснење на пожарот.
-Благодарение на брзото пристигнување и навремената интервенција, пожарот е локализиран и не е дозволено негово проширување, додаваат од ТППЕ Велес.
Стефани Манева


