Се запалило возило во двор во Чашка, жена го изгаснала пожарот
Објавено на 18 септември, 2024 во 12:17
Шеесет и пет годишната С.Ѓ од Чашка, вчера, пријавила дека во дворот од семејната куќа настанал пожар на возилото коешто е во сопственот на нејзиниот сопруг, по што таа го изгаснала пожарот.
-На 17.09.2024 во 11.30 часот во Полициското одделение Чашка, С.Ѓ.(65) од Чашка
пријавила дека во дворот од семејната куќа настанал пожар на патничко возило „пежо“,
сопственост на нејзиниот сопруг З.Ѓ., кое било паркирано во дворот, пишува во билтенот на СВР Велес.
Оттаму додаваат дека во пожарот нема повредени лица и дека увид извршила увидна екипа од СВР Велес.
Дума.мк