Седумнаесет годишна девојка од Велес се оддалечила од својот дом
Објавено на 19 август, 2021 во 10:52
Во Сектор за внатрешни работи Велес, на 18 август, педесет и девет годишниот И.Т од Велес, пријавил дека од домот се оддалечила неговата седумнаесет годишна ќерка Т.Т.
-Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Исто така, во текот на вчерашниот ден во Полициска станица Велес, М.П (26) од Велес, пријавил дека на автобуска станица во Прилеп околу 18:00 часот бил физички нападнат од едно лице. Од СВР Велес информираат дека се работи на расчистување на случајот.
Стефани Манева