Шумарски работници денеска правеле пресеки, пожарот над село Оморани утре ќе се гасне и од земја и од воздух

Објавено на 25 август, 2024 во 15:45

Пожарот над село село Оморани официјално не бил пријавен ни на бројот 112, ниту преку Секторот за операции и координација во Центар за управување со кризи. Известување за огнот сепак стигнало, вчера вечер, во 18:50 часот до Главниот штаб од страна на концесионерот на ловиштето на планината Мукос со слика и локација од пожарот, одговори ЦУК на прашањето на Дума.мк.

„ Главниот штаб утврди дека се работи за пожар, којшто 12 дена, претходно, беше активен, се до 18 август но и целосно изгаснат. Денес побаравме од ЈП Национални шуми, како и Градоналакникот на општина Чашка, на терен да излезат екипи и се справуваат со пожарот како и да направат соодветна процена дали им се потребни дополнителни Национални ресурси во справувањето и кои би биле тие поточно воздухоплови, дополнителни копнени сили, градежна механизација и др. Од страна на Градоначалникот на Чашка добиено е барање за потреба од воздухопловна подршка како и дополнителен број на човечки ресурси. Штабот донесе заклучок утре рано наутро во 06:30 часот да упати 25 припадници на МВР, 25 припадници на Армијата како и два воздухоплова за воздушна подршка на силите распоредени на терен,“ соопшти Горан Стојановски од Центар за управување со кризи.

Како што дообјасни Стојановски, во текот на денешниот ден, работници на ЈП Национални шуми правеле пресеки за да го ограничат пожарот да неможе да се движи кон село Оморани и Манастир „Свети Никола“.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.