Силниот ветер турна три дрвја во Велес (Фото)

Објавено на 8 февруари, 2022 во 15:27
Фото: улица „Љубљанска“

Силниот ветер од 70 км/час според УХМР што дува на подрачјето на Општина Велес кутна три дрвја. Две од ветроизвадните дрвја се на локации во градот и тоа еден бор на улица „Љубљанска“ поточно од приватен двор на сообраќајницата , второто на улица „Благој Ѓорев“ во близина на велешката касарна и третото дрво ветрот го скрши во дворот на одделението на казнено поправниот дом „Идризово“ во Велес поточно во Долно Оризари. Екипи на ЈКП „Дервен“ од утрово интервенираа на сите три места.

Фото: Двор на одделението на КПД „Идризово“ во долно Оризари
Фото: Улица „Благој Ѓорев“
Директор на ЈКП „Дервен“ Горан Наунчев

-Интервенциите следеа откако до комуналното претпријатие стигнаа пријави за ветроизвадни дрвја на вкупно три локации.  Во градот на улиците „Благој Ѓорев“ и „Љубљанска“ а третото скршено дрвце е во долно Оризари. Од силината на ветрот борот што се скрши во дворот на одделението на КПД „Идризово“ во Долно Оризари директно падна врз зградата на оваа установа додека скршениот бор на улица „Љубљанска“ падна врз паркиран автомобил. Нашите екипи од утрово интервенираат на сите три локации и затоа се создаде мал застој во сообраќајот на проментната улица „Љубљанска“ што за брзо време ќе биде ставена повторно во функција за непречено одвивање на сообраќајот. Во моментот таму се сече и отстранува стеблото од страна на вработени лица во комуналното претпријатие, рече Горан Нунчев, директорот на ЈКП „Дервен“.

Фото: улица „Љубљанска“
Фото: улица „Љубљанска“
Фото: улица „Благој Ѓорев“
Фото: улица „Благој Ѓорев“

Дополнително ќе се утврдува причинетата материјална штета којашто е последица од силниот ветер и турнатите три дрвја во општина Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.