Син се заканувал на мајка во дом во Велес каде со остар предмет и нанел расекотина на раката

Објавено: 25 јули, 2026, во 15:01 часот

Четириесет и две годишниот Т.Б од Велес, ноќеска, по полноќ бил приведен во Полициска станица во Велес откако неговата мајка го пријавила дека дома и се заканувал, фрлал и кршел предмети како и нанел рассекотина на раката, соопшти Сектор за внатрешни работи (СВР) Велес.

„На 25.07.2026 во 00:10 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Т.Б.(42) од Велес, постапувајќи по претходна пријава од неговата 71-годишна мајка дека во семејниот дом, по кратка расправија, ѝ се заканувал и ја нападнал со остри предмети, по што ѝ нанел расекотина на раката, а потоа фрлал и кршел предмети во домот. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок,“ соопштија од СВР Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.