Син тепал мајка а кога успеала да се извлече од домот по неа фрлал предмети
Објавено: 24 јули, 2026, во 17:23 часот
Триесет и осум годишниот Т.Р од Велес бил приведен во Полициска станица Велес по пријава од неговата мајка затоа што физички ја нападнал, соопшти Сектор за внатрешни работи (СВР) Велес.
„На 23.07.2026 во 15:20 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Т.Р.(38) од Велес, постапувајќи по претходна пријава од неговата 62-годишна мајка дека физички ја нападнал во семејниот дом и ѝ го скршил мобилниот телефон, а откако успеала да побегне од домот фрлал тврди предмети по неа. По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека Т.Р. е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,54 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава,“ соопштија од велешката полиција.
Убавка Јаневска


