Син тепал татко и сопруг тепал сопруга во Кавадарци
Објавено: 29 март, 2026, во 11:05 часот
Првото семејно насилство се случило вчера претпладне, во 10:40 часот, кога полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Кавадарци го лишиле од слобода С.Ј.(48) од Кавадарци, по претходна пријава дека во домот физички го нападнал неговиот 74-годишен татко и му се заканувал. С.Ј. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во полицискиот билтен на Сектор за внатрешни работи Велес пишува дека и второ семејно насилство било регистрирано вчера во градот. Полициски службеници, исто така, го лишиле од слобода Ѓ.И.(40) од Кавадарци, по претходна пријава дека во неговиот дом физички ја нападнал неговата 28-годишна поранешна сопруга откако и се заканувал. Ѓ.И. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Убавка Јаневска



