Сите закани за бомби во кавадаречките училишта се лажни
По направените проверки во основните и средни училишта во Кавадарци, на чии мејлови пристигнаа утринава закани за поставени експлозивни направи, се утврди дека станува збор за лажни дојави.
-Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Кавадарци дека на електронските адреси на училиштата била испратена закана за поставена експлозивна направа и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и по извршени проверки утврдено е дека станува збор за лажни пријави – стои во соопштението од МВР.
Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев вели дека место за паника нема и дека наставата ќе продолжи во втора смена.
Ангел Данов