Со Јапонски грант општина Свети Николе доби  теренско противпожарно возило

Објавено: 5 февруари, 2026, во 10:17 часот

Амбасадата на Јапонија, претставувана од Амбасадорката на Јапонија во Република Северна Македонија, Н.Е. Сецуко Кавахара, го потпиша договорот за грант, со  Дејан Владев, градоначалник на општина Свети Николе кои има за цел подобрување на основните човекови потреби преку „Грант програмата за мали проекти за човекова безбедност (GGP)“.

Проектот за обезбедување на теренско противпожарно возило за општина Свети Николе во вредност е од 32,430 евра и има за цел да помогне за заштита на животната средина.

Потпишувањето на договорот за грант се одржа, пред два дена, во просториите на Амбасадата во Скопје.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.