Со програмата „Гаранција за млади“ до прво вработување ако сте на возраст до 29 години

Објавено на 22 јуни, 2022 во 17:30

Млади сте, на возраст до 29 години и не сте вработени! Можете да го остварите своето прво вработување токму преку проектот „Гаранција за млади“ кој нуди многу можности за вработување, за добивање  на субвенции, за отворање на сопствен бизнис или за стекнување на нови вештини барани на пазарот на труд во државата. Проектот „Гаранција за млади“се реализира преку Агенцијата за вработување. Еве неколку мерки од проектот „Гаранција за млади“ кои се интересни.

Поддршка за самовработување е мерка која на младите им дава финансиска поддршка за основање на сопствен бизнис. Висината на финансиската поддршка е од 5 до 10 илјади евра.

Платена обука кај работодавачи на младите им овозможува да добиваат по 9000 денари, месечно, за посета на обука кај познат работодавач. Обуките се до три месеци.

Онлајн обуки за коишто се добива паричен надоместок од 9000 денари. Со тоа што овие обуки се онлајн.

Обуки за напредни ИТ вештини се особено интересни мерки за млади со почетни ИТ вештини затоа што нудат обуки за информациски технологии, за вештини кои се барани на пазарот на трудот, како дигитален маркетинг, графички дизајнер, јава девелопер и слично.

Платено практикантство е мерка слична на платената обука со тоа што младите се стекнуваат со практични вештини и знаења кај работавачите за што добиваат месечен надоместок од 9000 денари.

Исплата на младински додаток повеќе се однесува на работодавачите. Со оваа мерка работодавачите добиваат 30.000 денари месечно доколку вработат млади лица до 29 годишна возраст со одредени вештини.

Субвенционирање на плати е исто така мерка која што се однесува на работавачите. Тие добиваат субвенција на исплатена бруто плата.

Заинтересираните млади до 29 годишна возраст подетални информации за сите мерки можат да добијат во подрачните единици и во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија.

За искористување на некоја од мерките или за повеќе информации можете да се пријавите и онлајн на следниот линк.

Доколку сте млади на возраст до 29 години во градовите на Вардарски регион контактирајте ги теренските работници на Коалиција на младински организации „СЕГА“ во Велес на моб.телефон 070 226 025 и 078 397 470, во Свети Николе на моб.телефон 078 407 280, во Кавадарци на моб.телефон 071 685 935 и 078 218 986 и во Неготино на моб.телефон 078 234 773 и 071 307 079 за да ве внесат во евиденција на Агенцијата за вработување и да ви помогнат да дојдете до прво вработување.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.