Со свечена заклетва, првачињата од „Панко Брашнаров“ ја започнаа Детската недела

Објавено: 2 октомври, 2025, во 13:40 часот

Шеесет првачиња денеска претпладне дадоа свечена заклетва дека ќе бидат добри, вредни и успешни ученици, со што и официјално станаа дел од семејството на Општинското основно училиште „Панко Брашнаров“ во Велес. Настанот се одржа во училишниот објект, каде што оваа учебна година наставата за прво одделение се реализира во три паралелки.

Во рамки на свечената приредба, подготвена по повод одбележување на Детската недела, најмладите ученици беа поздравени и од директорката на училиштето, Сениха Брзева која им посака топло добредојде.

-Секоe дете заслужува љубов, грижа и среќно детство. Оваа недела ја славиме Детската недела –
недела на насмевки, игри и пријателства. Среќно првачиња, изјави директорката Брзева.

Училиштето утре ќе го одбележи и својот патронен празник, со пригодна програма во чест на ликот и делото на Панко Брашнаров.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.