Собрани 40 крвни единици на крводарителска акција во ООУ „Блаже Конески“

Објавено на 15 декември, 2022 во 15:38

Четириесет крвни единици беа собрани на денешната традиционална крводарителска акција одржана во основното општинско училиште „Блаже Конески“ по повод патрониот празник. Од Црвен крст на РСМ – Општинска организација Велес соопштија дека на акцијата учествувале вработени во училиштето и родители на учениците. Двајца од нив за прв пат дарувале крв и станале дел од најхуманото семејство.

Во реализацијата беа вклучени тројца волонтери од Клубот на млади.

smart

Оваа крводарителска акција велешки Црвен крст и основното училиште ја спроведоа заедно со Инситут за трансфузиона медицина од Скопје.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.