Сообраќајка на улица во велешко Горно Оризари завршила со тешко повреден возач
Објавено: 29 март, 2026, во 10:50 часот
На улицата „Сараевска“ во село Горно Оризари, велешко, вчера утро, во 07:00 часот, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шевролет“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Ј.Х.(51) од село Горно Оризари и патничко возило „опел“ со велешки регистарски таблици, управувано од 29-годишната Ј.А од село Горно Оризари.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ј.Х, а со телесни повреди се здобила Ј.А., констатирани во Општата болница Велес. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Велес,“ соопшти полицијата.
Убавка Јаневска



