Сообраќајка помеѓу патничко возило и воз на железнички премин кај поранешна „Порцеланка“
Објавено на 27 мај, 2025 во 09:35

На железнички премин на Регионален пат Велес – Извор, во близина на поранешна фабрика „Порцеланка“ кај Велес, вчера претпладне, во 09:34 часот се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управувано од Ѓ.О.(23) од Чашка и патнички воз сопственост на Македонски железници, управуван од К.З.(39) од Скопје.
Во несреќата повредени лица нема. По овластување на јавен обвинител, увид изврши увидна екипа од СВР Велес. Патниот сообраќај за време на вршење на увидот се одвиваше наизменично во двата правци, а железничкиот сообраќај беше во прекин во периодот од 09:34 до 10:45 часот, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска
