Сообраќајка во Превалец, тешко повреден маж сопатник на возач на мопед

Објавено: 26 март, 2026, во 14:32 часот

Сообраќајната несреќа се случила вчера вечер, во 20:20 часот, на ул.„Васил Антевски Дрен“ во велешката населба Превалец. Во несреќата учествувале патничко возило „ауди“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.М.(20) од Велес и мопед со велешки регистарски таблички, управуван од З.Т.(22) од велешкото село Клуковец.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од мопедот, И.З.(28) од село Горно Врановци, додека со телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општа болница Велес. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Велес, соопштија од полицијата.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.