Сопруг нападнал сопруга, кршел и палел во домот во Велес за што полицијата го лишила од слобода

Објавено на 26 декември, 2024 во 12:10

Полициски службеници на Сектор за внатрешни работи Велес, вчера попладне, во 17:10 часот го лишиле од слобода С.Б.(43) од Велес постапувајќи по пријава од неговата 43-годишна сопруга.

-Според пријавеното, во семејниот дом С.Б. и се заканувал, физички ја нападнал, ја кршел покуќнината, ги запалил нејзините лични документи и други предмети. С.Б. е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на СВР Велес.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.