Сопруг тепал сопруга во село во Чашка, завршил во Полициска станица
Објавено на 20 декември, 2024 во 13:22
Полициски службеници од Полициското одделение Чашка го, вчера вечер, во 19:40 часот го лишиле од слобода Е.У.(26) од село во општина Чашка, постапувјаќи по пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 20-годишна сопруга.
Сектор за внатрешни работи Велес соопшти дека Е.У. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Стефани Манева