Сопственикот на велешка „Топилница“ сече метали без да знаат општината и државниот инспекторат за заштита на животна средина
Пожарот што вчера избувнал во порнешна велешка „Топилница“, бил предизвикан од сечење на метал од постројката за филтрирање. Ова го пишува во официјалното соопштение Државниот инспекторат за животна средина. Во него не е точно констатирано што го предизвикало пожарот затоа што државниот инспектор Јованче Колев, вчера направил инспекциски увид не можел точно да утврди, дали причината за пожарот во постројката за филтрирање го предизвикала искра од стара електрична инсталација или талог од експлозивна хемикалија.
– За да се спречи можна хаварија, Државен инспектор за животна средина, вчера, изрече усна забрана за работа на ЗД Отпад Охрид, компанија која е ангажирана од „Метрудхем “ да го отстрани отпадниот метал од локацијата. Во најитен рок „Метрудхем“ мора да достави документација за отстранување хемикалии и опасен отпад и нивно евентуално чување на локацијата. Истовремено, се врши надзор и врз ЗД Отпад Охрид, за да се утврди колкави количини отпаден метал се веќе отстранети и дали отпадниот метал е потенцијално контаминиран со опасни материи. По анализата на документацијата и прибирањето докази, ќе бидат превземени соодветни мерки, пишува во официјалното соопштение на државниот инспекторат.
Според општинската инспекторка за заштита на животна средина, Биљана Шуркова Манаскова, „Метрудхем“ извршува работи во објектите на поранешна „Топилница“, без претходно да подготви документација и истата да ја достави на Општина Велес. По настанатиот пожар единствено се јавил преставник на конслутанска куќа којшто од општинската инспекторка побарал податоци за подготвување на документрацијата.
-Општината останува на ставот дека бара точни и прецизни податоци од страна на Државен инспекторакт за животна средина, за тоа што се случило вчера во кругот на поранешна „Топилница“ за олово и цинк, со прецизни одговори на прашањата: што горело, дали тоа што горело во исто време ослободувало загадувачки материи и кои се тие загадувачки материи. По избувнувањето на пожарот, за што бевме известени од пожарникарите од Против пожарната територијална единица од Велес, можам да ви соопштам дека внатре во поранешна „Топилница“ се случил пожар и бил предизвикан од сечење со сателит на постројка составена од железна конструкција на внатрешната страна на ѕидот на делот што се нарекува постројка за филтрирање. Како и вие, така и Општина Велес информациите првично ги доби од пожарникарите а потоа и од СВР Велес, рече испекторката Шуркова Манаскова.
Инаку поранешната „Топилница“ за олово и цинк во Велес е индустриско еколошко жариште, додека објектите во состав на порашениот загадувач се во сопственост на скопската фирма „Метрудхем“.
Од сознанијата на општинската инспекторка како и на Државниот инспектор, може да се заклучи дека сопственикот на објектите во поранешна велешка „Топилница“, изведува работи без претходно да има подготвено документација. Во исто време и без да ги информира надлежните општински и државни служби.
Убавка Јаневска