Советот на јавни обвинители утре ќе го избере јавниот обвинител за подрачјето на Велес и уште 46 во 18 обвинителствата во државата

Изборот на јавниот обвинител за подрачјето на Велес ќе се случи на дневниот ред на 20-та седница на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија што ќе се одржи утре со почеток во 10:30 часот.
Освен велешкиот членовите на Советот ќе изберат по еден јавен обвинител во основните јавни обвинителства во Делчево, Кочани, Крива Паланка, Радовиш, Ресен и Струга.
Најмногу, односно 14 јавни обвинители, треба да се изберат во Основното јавно обвинителство Скопје. Во Основните јавни обвинителства во Куманово, Охрид, Прилеп и Штип ќе се избираат по тројца јавни обвинители, додека во Тетово треба да бидат избрани четворица обвинители.
По двајца јавни обвинители ќе се избираат во Основните јавни обвинителства во Битола, Гевгелија, Гостивар, Кичево и Струмица.
Убавка Јаневска
