Специјализирана болница „Јасеново“ се екипира со медицински персонал

Објавено: 24 јули, 2025, во 14:30 часот
Фото: Архива на Дума.мк

Еден лекар од Општа пракса, четири медицински сестри со средна стручна спрема, од кои две за работни места болничарки и еден лаборант техничар со средна стручна спрема ќе станат дел од медицинскиот персонал на ЈЗУ Специјализирана болница за белодробни заболувања и туберколоза „Јасеново“. Болницата прима и едно лице за одржување на хигиена.

По истекот на огласот за прием на работа, вчера, докторот на медицина полагаше стручен испит и Англиски јазик додека останатите избрани кандидати беа на интервју.

-Согласноста за вработување ја добивме од Министерство за здравство и по завршување на огласот ја заокружуваме административната постапка за прием на работа на нововработените. Исто така во тек е и оглас за прием на еден приватен специјализант по интерна медицина што ќе заврши во понеделник, на 28 јули. Со новопримените здравствени работници може да констатирам дека ќе се обезбедат минимум потребните услови за нормално функционирање на болницата, рече директорот Далибор Таневски.

Специјализираната болница „Јасеново“ е една од поново реновираните јавни здравствени установи во државата со обезбедени современи медицински апарати . Болницата на пациентите им овозможува комплетни услуги од дијагностика со резултати за кои се чека најмногу четири часа. Исто така има и современи услови за лежечките пациенти кои како предност ја имаат местоположбата на павиљоните, на падините на Јасеновска падина, на надморска висина од 400 метри во општина Чашка. Досега, во изминатите две децении, проблем единствено преставува континуираниот недостиг на доволен број на персонал.

Убавка Јаневска    

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.