Спомен Костурница вечерва ќе биде осветлена во сина боја
Објавено на 2 април, 2024 во 15:44
По повод одбележувањето на 2 април, Меѓународниот ден на лицата со аутизам, вечерва, Спомен костурницата во Велес ќе светне во сина боја којашто е заштите знак на аутизмот. Покрај тоа, ќе биде прикажана и проекција на анимации со презентација на супер хероите представени во знакот на аутизмот во Јуроп хаус и ќе бидат видливи за сите минувачи од градот.
Велешани осветлувањето на Спомен констурницата како и проекцијата на анимации во Јуроп хаус ќе можат да ги видат со почеток во 20:00 часот.
Овие два настана се организирани од страна на Здружението на граѓани „ПОПИ“ и Јуроп хаус Велес.
Стефани Манева