Стартуваше „Чист град 2025“ – сопствениците на хаварисани возила добија рок за отстранување

Објавено на 15 април, 2025 во 13:46

Со цел создавање почист и поуреден јавен простор, вчера официјално стартуваше акцијата „Чист град 2025“, насочена кон отстранување на хаварисани, напуштени и искористени моторни возила, приклучни возила и земјоделска механизација оставени на јавни површини во градот.

Во рамки на првата фаза од акцијата, која е од превентивен карактер, вчера биле залепени известувања на над 100 возила во градот. Со овие известувања, сопствениците добиваат рок во кој треба доброволно да ги отстранат возилата од јавните простори. Целта е да се даде можност за самостојно постапување пред да бидат преземени понатамошни мерки.

Од Општина Велес информираат дека во втората фаза ќе се пристапи кон репресивни мерки, вклучително и изрекување на парични казни за сопствениците кои нема да ги отстранат возилата во дадениот рок.

Акцијата се спроведува во соработка со Министерството за внатрешни работи – СВР Велес.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.