Стрип центар на Македонија – Велес го објави списокот на наградени стрипови и автори
На овогодинешниот традиционален Меѓународен стрип конкурс „Златен Стрип“, како дел од активностите на дваесетиот Интернационален стрип конкурс „Велес 2023“, конкурираа вкупно 171 автори со стрипови.
Според одлуката на Стрип центар на Македонија – Велес првата награда ја добива стрипот „Пиг Аут“ на тимот автори Аљоша Томиќ, Милорад Милановиќ Маза и Марко Стојановиќ. Втората награда ја делат Ана и Сара Живковиќ од Белград, Србија за стрипот „MU•無“ и Даниел Данил од Романија за стрипот „Правдата на Влад Тепеш“. Третата награда, исто така, ја делат Миодраг Спасојевиќ за стрипот „Феникс – Уздизање“ и Војдан Андонов и Цанко Стефанов за стрипот “At Death’s Door”/ “Умри пред смрт”.
Наградата за уметнички израз ја доби авторскиот тим Марко Николиќ и Марко Стојановиќ од Србија за стрипот „Господари и слуги“. Наградата за најдобро сценарио му припадна на Младен Ољача,Србија за стрипот „МY NAME IS“.
Во категорија на стрип автори до 18 години најдобар автор од Македонија е Елена Апостоловска од Стајковци, Скопје, најдобар автор од други земји е Аурора Тот од Апатин, Србија и најдобар уметнички израз покажа Влера Чиче од Скопје.
Во категорија до 14 години најдобар автор е Вилма Дамњановска од Петровец, Скопје. Пофалници ќе добијат Магдалена Маријановиќ од Ресен и Меланија Андова од Велес.
Специјалната награда на Стрип центар за најдобар автор од Македонија ја добива Методија Стојановски од Куманово, Наградата за највозрасен учесник му припадна на Тоде Блажевски од Скопје додека Наградата за најмлад учесник на Ивона Живковиќ од Лесковац, Србија.
Наградите ќе се доделат за време на свеченото отварање на Интернационалниот стрип салон „Велес 2023 “ што ќе се одржи во среда, на 23 август 2023, во просториите на Europe House Велес . Почетокот е во 20:00 часот.
Дума.мк