Свечено затворен ИФФ 2022 (видео)

Објавено на 9 јули, 2022 во 23:43

Четвртата вечер од ИФФ 2022 е само доказ дека велешани ја негуваат традицијата, песните и ората.

Велешката публика и денеска, на последната фестивалска вечер, ја наполни салата на ООУ “Блаже Конески” и покрај лошите временски услови.

Громогласни аплаузи беа упатени до сите учесници кои преку орото и песната ја развеселуваа публиката.

На последната вечер настапија домаќините но и гостите од Хрватска, Бугарија, Србија, Турција и Словачка.

Претседателот на Организациониот одбор на ИФФ 2022, Томе Јаневски, на самиот крај додели благодарници на сите учесници но посебна благодарност упати и до публиката којашто секогаш е во голем број изминатите 17 години.

Градоначалникот на Општина Велес Марко Колев, пред се им го честиташе празникот на гостите од Турција, упати благодарност до сите гости но и фолклорни ансамбли од Македонија и го прогласи ИФФ 2022 за затворен.

Во продолжение погледнете го видеото од последната фестивалска вечер.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.