СВР Велес: Апел до граѓаните

Објавено: 2 септември, 2025, во 16:31 часот

„Во изминатиот период во  Сектор за внатрешни работи Велес, добиени се пријави од граѓани за кривични дела „измама“, најчесто од повозрасни лица, односно обиди за измами на начин што  непознати лица телефонски им се јавуваат, лажно им се претставуваат како службени лица (полицаец, адвокат, лекар, обвинител и сл.) и се обидуваат да им извлечат поголеми суми на пари. Имено, сторителите ги доведуваат граѓаните во заблуда и им бараат финансиски средства за ослободување од кривичен прогон на нивни блиски кои наводно предизвикале или биле жртви во сообраќајни несреќи. Само во последното деноноќие, во СВР Велес има пријавено пет обиди за измами.

Затоа, апелираме граѓаните да бидат особено внимателни кога добиваат телефонски повици од непознати броеви, да не даваат пари, да го прекинат разговорот веднаш, а случајот да го пријават во полициска станица.

Со цел да се заштитат граѓаните од овој вид на измами, полициски службеници од Остекот за превенција при СВР Велес, во изминатиот период интензивно работат на едукација на граѓаните, преку непосредни разговори и делење едукативни материјали со совети за заштита. Овие превентивни активности ќе продолжат и во претстојниот период преку постојани средби со повозрасната категорија на граѓани,“ пишува во апелот на Сектор за внатрешни работи Велес.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.