СВР Велес: Две возила со вкупно девет патници учествувале во сообраќајката утрово кај Градско

Објавено: 30 јули, 2026, во 16:37 часот

Сообраќајката, утрово, со девет повредени патници се случила на делница од експресен пат Градско – Прилеп, околу 08:20 часот, во која се потешко повредени две лица и уште седум се задржани на болничко лекување во ЈЗУ Општа болница Велес.

Од Сектор за внатрешни работи Велес соопштија:

„На експресниот пат на делницата од Градско кон Прилеп, во близина на Градско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 44-годишната А.Д. од Битола и патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски  ознаки, управувано од Д.Ѓ.(48) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на патничкото возило „хјундаи“ и О.Г.(45) од Скопје, сопатничка во истото возило, а со телесни повреди се здобиле С.Д.(50) и С.П.П.(42), двете од Скопје, сопатнички во патничкото возило „хјундаи“, како и возачот на патничкото возило „ауди“ и сопатниците во неговото возило, М.Д.(18), А.М.(18) и двајца 17-годишници, сите од Битола, констатирани во Општа болница Велес. Известен бил јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Велес. Сообраќајот на експресниот пат на делницата од Градско кон Прилеп бил затворен за сообраќај и истиот е нормализиран во 11:35 часот“.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.