СВР Велес: Физички напад врз малолетник, велешанка упатила закана кон маж и оштетила дел од покуќнина
Објавено на 25 јули, 2022 во 10:55
Педесет и четири годишниот велешанец И.Ч од страна на полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес, во саботата на 23 јули, бил лишен од слобода. Тој по расправија со сопругата и малолетниот син, физички го нападнал синот.
– И.Ч бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава, соопштија од СВР Велес.
Исто така, во Полициска станица Велес, денеска, 53 годишен велешанец пријавил дека Е.Д од Велес со тврд предмет оштетила дел од покуќнината во неговиот дом и му се заканила.
Од СВР Велес информираат дека се работи на расчистување на случајот.
Стефани Манева