СВР Велес: Маж физички го нападнал својот син
Објавено: 17 септември, 2025, во 13:45 часот
Полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес го лишиле од слобода педесет и седум годишниот Р.А од велешко село, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички го нападнал својот 29 годишен син.
Како што соопшти портпаролката на СВР Велес, Биљана Ѓаковска, настанот бил пријавен вчера, во 22:30 часот по што Р.А бил задржан во полициска станица.
Известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
С.М


