Татко од Велес си ја бара малолетната ќерка, 13 годишното девојче ноќва не се вратило дома
Објавено: 19 декември, 2025, во 15:33 часот
Педесет годишниот М.Н од Велес, ноќва, два часа и 20 минути по полноќ, пријавил во Сектор за внатрешни работи Велес дека од домот се оддалечила неговата малолетна ќерка А.Ј.Н.(13). Таткото се сомневал и посочил каде се наоѓа неговото дете.
„Според пријавеното, тој се сомнева дека А.Ј.Н е со лицето Г.М. од светиниколско. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето,“ соопшти Сектор за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска


