Театарскиот фестивал „5РЕ“ на 27 март ќе го отвори претставата „Тестостерон“ во режија на Синиша Ефтимов
Објавено: 18 март, 2026, во 10:35 часот
Директорот Жарко Спасевски на НТ „Јордан Х.К Џинот“ како продолжение на досегашната успешна соработка со режисерот Синиша Ефтимов предложил токму тој да ја потпише режијата и на претставата „Тестостерон“ на текст на полскиот автор Андреј Сарамоновиќ со која ќе биде отворен годинешниот петти Театарски фестивал „5РЕ“, наредниот петок, на 27 Март, на Голема сцена на велешки театар. Ефремов е режисер и на преставата „Госпоѓа Министерка“ со која што беше отворен минатогодишниот театарски фестивал во Велес посветен на доајенот на македонското глумиште и велешанец Петре Прличков.
-На мое огромно задоволство го поставуваме токму тој текст затоа штокога пред неколку години го прочитав ми остави огромен впечаток и на мое огромно задоволство одлучивме со мојот драг колега Ефтимов да го поставиме и на велешка сцена, рече Спасевски. Тој додаде:
За Синиша Ефремов одлуката на Спасовски да биде поставена претставата „Тестостерон“ на велешката театарска сцена претставува одличен менаџерски потег затоа што тој е убеден дека ќе се прикажува долго поради, како што потенцира, поради седумте маестрално напишани рољи од полскиот автор и актерите на НТ „Јордан Х.К Џинот“ кој што ги толкуваат улогите. Ефремов потенцира дека претставата „Тестостерон“ жанровски е драма посветена на машки муабети коишто ќе го предизвикаат вниманието особено на женската публика додека ветеранот на велешкото и македонско глумиште Јордан Витанов појасни дека толкувајќи ја улогата на татко во претставата има сериозна задача да одигра улога на консеквентен, интересен, балкански свекор.
Влезниците за премиерното прикажување на претставата „Тестостерон“ со која годинава ќе биде отворен Театарскиот фестивал „5РЕ“ како и за останатите фестивалски претстави ќе бидат пуштени во продажба во понеделник на 23 март. Љубителите на театарот ќе можат да ги купат и нема да има можност за резервација, нагласија од ЗГ „Плуспублика“ организатор на фестивалот.
Убавка Јаневска
ПРОГРАМА НА ТЕАТАРСКИ ФЕСТИВАЛ “5РЕ“ ЗА 2026 ГОДИНА
27 МАРТ 2026 ГОДИНА
“ТЕСТОСТЕРОН“ (ПРЕМИЕРА)
– ТЕАТАР ЈОРДАН ХАЏИ КОНСТАНТИНИВ ЏИНОТ – ВЕЛЕС
РЕЖИЈА: СИНИША ЕВТИМОВ
28 МАРТ 2026 ГОДИНА
“ТЕСТОСТЕРОН“
– ТЕАТАР ЈОРДАН ХАЏИ КОНСТАНТИНИВ ЏИНОТ – ВЕЛЕС
РЕЖИЈА: СИНИША ЕВТИМОВ
31 МАРТ 2026 ГОДИНА
”КУРШУМИ НАД БРОДВЕЈ“
– ДРАМСКИ ТЕАТАР – СКОПЈЕ
РЕЖИЈА: НЕНАД ВИТАНОВ
2 АПРИЛ 2026 ГОДИНА
“БОЛВА В УВО“
– ДРАМСКИ ТЕАТАР – СКОПЈЕ
РЕЖИЈА: СИНИША ЕВТИМОВ
3 АПРИЛ 2026 ГОДИНА
“ДРУГАТА СТРАНА“
– ЦНП – ПОДГОРИЦА
РЕЖИЈА: БОРИС ЛИЈЕШЕВИЌ
4 АПРИЛ 2026 ГОДИНА
“НЕ СЕ КЛАДИ НА АНГЛИЧАНИ“
– ТЕАТАР БОРА СТАНКОВИЌ – ВРАЊЕ
РЕЖИЈА: БОГДАН ЈАНКОВИЌ
6 АПРИЛ 2026 ГОДИНА
“НАРОДЕН ПРАТЕНИК“
– МНТ – СКОПЈЕ
РЕЖИЈА: ЕГОН САВИН
7 АПРИЛ 2026 ГОДИНА
“АМАТЕРИ“
– ТЕАТАР КОМЕДИЈА – СКОПЈЕ
РЕЖИЈА: СИНИША ЕВТИМОВ
8 АПРИЛ 2026 ГОДИНА
“СИТЕ ПРЕКРАСНИ НЕШТА”
ОХО ПРОДУКЦИЈА
РЕЖИЈА: ДЕЈАН ПРОЈКОВСКИ


