Тепачка во обложувалница во Велес

Објавено на 29 декември, 2021 во 12:10
Фото: Архива Дума.мк

Во обложувалница во Велес, вчера вечер, околу 19:00 часот по кратка расправија, настанала физичка пресметка. Во тепачката учествувале две групи со по две лица. Од една страна М.С.(50) и А.С.(42) и од една страна и А.М.(24) и Е.М.(55).

Тепачката била пријавена во Полициска станица Велес.

– По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.