Тешко повреден малолетник којшто се движел со велосипед во село Марена кавадаречко
Објавено: 31 октомври, 2022, во 12:54 часот
Триесет и две годишниот Р.Р. од Кавадарци управувајќи патничко моторно возило „форд“ со кавадаречки регистарски ознаки удрило во велосипед управуван од малолетник во село Марена. Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот констатирани во Општа болница Кавадарци.
Случајот во Полициска станица Кавадарци бил пријавен вчера, во 12:30 часот.
Од СВР Велес додаваат дека на местото бил извршен увид ов увидна екипа од Полициска станица Кавадарци.
Стефани Манева
