Тешко повреден работник на кавадаречка фирма бил примен во болница
Објавено на 6 декември, 2024 во 15:50
Сектор за внатрешни работи Велес соопшти дека повредениот работник И.С (41) на фирма во Кавадарци, пред два дена, со тешки повреди здобиени на работно место бил донесен во Општа болница Кавадарци. Болницата го информирала Одделението за внатрешни работи во Кавадарци.
Според информациите на болницата, работникот повредите ги здобил при извршување на работни задачи, за што увид на местото на коешто И.С се повредил извршила Увидна екипа од ОВР Кавадарци.
Стефани Манева