ТППЕ: Задимувањето низ Велес не е од пожар во и околу градот

Објавено: 23 август, 2026, во 19:30 часот

Граѓаните на Велес не треба да ги обзема паника поради зголемената задименост забележана во градот. Нема пожар на територијата на општината туку задимувањето доаѓа од пожарот во Зелениково.

„Димот кој се чувствува и забележува во градот доаѓа од пожарот во реонот на Зелениково, а не од пожар во самиот град Велес. Нашите екипи ја следат состојбата и се преземаат потребните мерки за справување со пожарот. Ги замолуваме граѓаните да останат смирени и да не шират непроверени информации,“ соопштија од Територијалната противпожарна единица Велес.

Оттаму додаваат дека состојбата будно и дваесет и четири часа се следи додека безбедноста на граѓаните е приоритет.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.