Tројца кандидати за градоначалници и девет листи кандидати за советници во Кавадарци

Објавено: 25 септември, 2025, во 10:26 часот

Вкупно 12 листи од кои три се за кандидат за градоначалник и девет листи кандидати за советници се доставено во ОИК Кавадарци.

Кандидати за градоначалници се Митко Јанчев од коалиција Твоја Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ, Виктор Велевски од коалицијата предводена од СДСМ и Здравко Бошков од ТМРО, сподели таа. 

Во врска со кандидати за советници, имало 3 независни листи и 6 листи од партии. Поднесени биле независните листи на кандидати за советници , групи избирачи, предводени од Панчо Минов, Ристо Сакалиев и Јован Златевски. Листи со кандидати за советници поднеле Коалиција Твоја Македонија ВМРО ДПМНЕ со носител Стојанчо Рамов, коалиција СДСМ со носител Вуко Мелов, ТМРО со Иван Димов, Левица со Круме Богевски, ЗНАМ со Горан Белевски и Твоја партија со Тодор Богев.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.