Тројца велешани фрлале предмети кон вработени на ЕВН Македонија, полицијата ги привела
Објавено на 12 декември, 2024 во 12:18
Настанот се случил вчера, во 11:40 часот, кога полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес ги лишиле од слобода Е.Б.(18), Р.Б.(23) и Ф.В.(27), сите од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека физички нападнале вработени во ЕВН Македонија, кои извршувале службени задачи, кога фрлале тврди предмети кон нив и нивното службено возило.
-За настанот бил известен Јавен обвинител и по негово целосно расчистување и документирање ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.
Стефани Манева