Турнат сообраќаен знак „лежи“ на тротоар на главна улица во Велес

Објавено на 4 јули, 2025 во 15:01

Знакот што треба да го регулира правецот на движење на возилата на улица „Благој Ѓорев“, под парковската површина на Здравствен дом Велес, од минатиот викенд е „спружан“ на тротоарот. Пешаците го заобиколуваат или прескокнуваат додека возачите ги паркираат возилата и без знакот да ја извршува намената за којашто бил поставен.

Тоа што може да се забележи на железната шипка, на којашто закачен е сообраќајниот знак, како да е пресечен со соодветен алат.

Според Велешани кои што живеат во околните куќи никој засега не се сторил стопан поточно не покажал дека е надлежен да го врати во функција знакот или да го тргне и транспортира за да не биде цел на кражба. За овие граѓани ова пример е и показател за што се непотребно се трошат народните или граѓански пари!

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.