Уапсени четворица велешани, пронајдена и одземена марихуана

Објавено на 11 јули, 2022 во 12:01

Полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес, во саботата, ги лишиле од слобода четворица велешани кај кои била пронајдена и одземена марихуана.

-На 09.07.2022 околу 19.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги
лишиле од слобода Н.Т.(23), В.М.(21), Д.Б.(44) и Н.С.(21), сите од Велес. При претрес
во домот на Н.Т., извршен со судска наредба, биле затекнати и останатите лица и при
преглед кај нив била пронајдена и одземена марихуана, соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.

Оттаму додаваат дека по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

MIT License