Уапсени двајца велешани коишто превезувале мигранти
Објавено на 20 јуни, 2022 во 13:35

На наплатната станица „Смоквица“ полициски службеници од Полициска станица за граничен премин „Богодорица“, во саботата, 18 јуни, во 21:00 часот ги лишеле од слобода дваесет годишниот Д.С и триесет и шест годишниот М.И двајцата од Велес.
– При преглед во товарно возило „цитроен“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал Д.С., а сопатник бил М.И., биле пронајдени 26 лица илегални мигранти од Сирија. Тие биле приведени во полициска станица, а мигрантите биле спроведени во Транзитен центар „Винојуг “ во Гевгелија, пишува во дневниот билтен на Министерство за внатрешни работи.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
