Уапсени тројца ловџии од Прилеп поради пукање кај кои бил откриен и арсенал на нелегално оружје

Објавено: 10 февруари, 2026, во 16:09 часот

Кај место викано „Црници“, во атар на село Степанци, општина Чашка, во неделата, на 8 февруари, во 10:15 часот, полициски службеници од Полициско одделение Чашка ги лишиле од слобода прилепчаните В.К.(57), И.Т.(51) и Б.Н.(77).

„При вршење службени дејствија, полициските службеници ги забележале лицата како излегуваат од патничко возило „лада нива“ со прилепски регистарски ознаки, а лицето кое го управувало возилото испукало неколку истрели од огнено оружје, по што се оддалечиле од местото. По преземени мерки, возилото и лицата биле пронајдени и при извршен преглед од И.Т. биле одземени малокалибарска пушка „Брно“, 14 неиспукани куршуми и три чаури од малокалибарско оружје, 14 куршуми карабинска муниција и три чаури и куршуми калибар 12мм од ловечка пушка без соодветна документација, детектори и други предмети. Додека, од Б.Н. биле одземени пиштол „Застава“, рамка со седум куршуми калибар 9мм без соодветна документација и останати предмети. Тие биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави,“ соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.