Убиство во Росоман, син уби мајка – полицијата го лиши од слобода

Објавено: 30 март, 2026, во 11:00 часот

Убиството се случило утрово, околу 07:30 часот во семејниот дом каде 27 годишниот И.Р со остар предмет ја убил неговата 54 годишна мајка.

Полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Кавадарци го лишија од слобода И.Р откако тој во СВР Велес сам го пријавил убиството. Тогаш кажал дека со употреба на остар предмет и нанел повеќе убодни рани на мајка си, која од здобиените повреди починала. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Кавадарци.

Увид на лице место вршат јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци и увидна екипа на ОВР Кавадарци.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.