Ученици од Кавадарци се едуцираа за штетните последици од врсничко насилство

Објавено на 13 март, 2024 во 10:06

Учениците од општинското основно училиште „Гоце Делчев“ од Кавадарци, во понеделникот, беа дел од едукативна работилница на тема „Насилство во училиштата“ и „Врсничко насилство“ спроведена од страна на полициски службеници од Отсекот за превенција при Сектор за внатрешни работи Велес.

-Притоа, во рамки на работилницата преку соодветно подготвена презентација учениците беа запознаени со феноменот на насилството меѓу децата, со формите на појавност на оваа социо-девијантна појава, како и за начините за благовремено детекирање и превенирање на врсничкото насилство, соопштија од Министерство за внатрешни работи.

Исто така, преку практични примери од полициското секојдневие, на учениците им биле претставени сите штетни последици од врсничкото насилство, како од законски така и од социјален, образовен, културен и воспитен аспект.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.