Учениците од основните училишта беа дел од книжевна работилница во велешката библиотека
Објавено на 12 јуни, 2024 во 13:09
Ученици од основните училишта беа дел од книжевна работилница, којашто вчера, се одржа во медијатеката на градската библиотека „Гоце Делчев“. За време на работилницата учениците имале можност да се запознаат со роднокрајниот автор Анде Јанков и заедно со него ја дискутирале неговата книга „Едно лето на Крит“.
Од велешката библиотека соопштија дека координатор на работилницата била Наташа Брезовска – Богоевска и дека учениците за време на работилницата темелно дискутирале, биле вклучени постојано и презентирале свои лични ставови.
Стефани Манева