Учесниците и гостите на „29 Домијада“ пристигнаа во Велес, свеченото отворање за неколку часа (фото и видео)

Сите 200 учесници, од средношколските и студентски домови претпладнево пристигнаа во Средношколскиот интернат „Лазар Лазаревски“ во Велес. Со нив се и менторите – воспитувачи и директорите од државата. По сместувањето во велешкиот средношколски дом и ручекот дел од спортските екипи заминаа кон спортската сала „Гемиџии“ каде ќе се одиграат натпреварите. Денеска и утре ќе се одржат сите натпревари на екипите од Македонија.


Меѓу гостите во Велес е и Зоран Арсовски, претседателот на Здружението на ученички и студентски домови на РСМ заедно со колеги од Хрватска и Србија.
Младен Камењарин дојде од Сплит, Хрватска. Тој е Претседател на Здружението на средношколски домови на Хрватска и директор на Средношколски дом Сплит.
Од соседна Србија во Велес гостин е Младен Шурлан, директор на Дом училиште за ученици со оштетен слух во Крагуевац. Тие заедно со домаќините и со останатите гости започнаа да разменуваат искуства поврзани со функционирањето на средношколските и студентски домови во државите на поранешна Југославија.
Еве што рекоа за Дума.мк.
До свеченото отворање на „29 Домијада“ закажано за доцна попладне, поточно во 18:30 часот во спортска сала „Гемиџии“,во Велес се очекува да пристигнат уште гостите од Словенија, Црна Гора како и дел од Србија. На свеченоста ќе присуствува и заменик министерот за образование на РСМ,Агим Нухиу кој заедно со директорот на Средношколски дом „Лазар Лазаревски“, Марјан Јорданов ќе ја отворат „29 Домијада“ во Велес.



Манифестацијата за прв пат се организира во Велес и освен спорски натпревари кои ќе ги дадат победниците на државно ниво содржи дебата натема: „Влијанието на социјалните мрежи во образованието“ што ќе се одржи во зградата на средношколскиот дом како и Ликовна колонија на тема „Велес“ чие место на одржување е плато на Спомен костурница во Велес.
Убавка Јаневска
